ОСУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА САШО МИЈАЛКОВ ЗА „ТРЕЗОР“

1421

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, за двете кривични дела, е осуден на по пет години затвор, за набавката на опремата за прислушување, а судот ги осуди и Горан Грујовски, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски на ефективни затворски казни

 

(Љ.Станковиќ)

Поранешниот директор на Управа за државна безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и уште тројца негови соработници се огласени за виновни за набавката на опрема за прислушување. Судечкиот совет, на скопскиот кривичен суд, а со кој председава судијката Џенета Бектовиќ, за две керивични дела: злоупотреба на службената положба и овластување, на Мијалков му изрече две казни од по пет години и согласно законските одредби нему му е изречена единствена затворска казна во траење од осум години.
Недостапниот Горан Грујовски, исто така, обвинет за две кривични дела за двете дела е осуден на по 10 години затвор, односно на единствена казна во траење од 15 години. Обвинетиот Небојша Стајковиќ, за едно кривично дело, судот му изрече затворска казна во траење од пет години, а за некогашниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, обвинет за две кривични дела е осуден на по три години затвор кој му се заменува за единствена јазна во траење од пет години.
Согласно изречената пресуда, наложено е, од сметката на фирмата „Финзи“, (којашто на 18. февруари 2019 година е избришана од евиденција на Централниот регистар), да бидат запленети 838.106 денари и дополнителни 145.518 евра, како и еден патнички автомобил „ауди“, проценет на 1.026.386 денари, но осудените се задолжени, солидарно да ја надоместат штетата на државата во висина од 21.158.286 односно 16.018.520 денари.
Во повеќе од едночасовното образложение на пресудата, судијката Бектовиќ. кажа дека набавката на опремата повеќе била за приватни потреби, отколку за потребите на УБК. Таа рече дека во текот на постапката биле распрашани 17 сведоци, а дека биле изведени уште 714 материјални докази. Она што беше едно од најубедливите тврдења на одбраната, а се однесува на преговорите за набавка на опремата, според судијка Џенета Бектовиќ, сепак се случила средба во Лондон. Таа кажа дека Мијалков, со соработниците, од седми до десети јули 2010 година, сепак, престојувале Лондон, кадешто била остварена средба со претставници на фирмата „Гама“.

Со денешната, неправосилна, пресуда Сашо Мијалков, сега има за издржување затвор во траење од 20 години. Несомнено дека Мијлаков ќе вложи жалба по оваа, но и за пресудата за предметот „Таргет – Тврдина“ со која тој беше осуден на казна затвор во траење од 12 години, но тој има уште една (укината) пресуда во траење од три години

 

Инаку, целата приказна со набавката на опрема за прслушување се сведува на фирмата „Финзи“ којашто најнапред била регистрирана во САД. Во тоа време нејзин управител е Небојша Стајковиќ, но неговото место ќе го наследи Коста Крпач, а на крајот како сопственик ќе се појави Јордан (Орце) Камчев. За парите што пристигнувале од Кипар, но и за други сомнителни трансаакции Камчев ќе одговара во предметот наречен „Империја“.

( Фото: Независен весник)

Спонзорирано