НОВИ ПРЕТРЕСИ НА ОБЈЕКТИ ОТКРИЈА УШТЕ ТРИ СТАНА НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ

1427

Иако од Обвинителството не соопштуваат детали за денешните претреси, сепак, медимуите откриваат дека Никола Груевски имал уште три стана, од кои два ги впишал на име на мајка му и еден на неговата секретарка

На барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска бил извршен претрес во повеќе објекти во Скопје. Како што потврдуваат од обвинителството претресите се дел од истрагата за предметот познат како „Плацеви на Водно“, односно за купување на недвижен имот за сметка на бегалецот Никола Груевски.
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот“, се вели во краткото соопштение кое доаѓа оттаму. Но, за разлика од Обвинителството неколку портали веќе излегоа со комнкретни информации поврзани до овој случај. Така, според пишувањето на „Сакам да кажам“, истрагата открила уште три стана чиј што сопственик е пиранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и екс птемиер, Груевски.
Имено, Груевски, во зградата на „Бихаќка“ поседувал уште два стана кои ги запишал на име на неговата мајка Нада, а третиот на неговата техничка секретарка, која, пак, во даден исказ пред Јавен обвинител призмала дека таа само формално се води како сопственик, а реално тоа е Никола Груевски.
Случајот „Плацеви на Водно“ беше обелоденет уште во првата половина на 2015 година, со објава на таканаречените „бомби“. Неколку години подоцна Специјалното јавно обвинителство отвори предмет со кој Никола Груевски, неговиот браѕучед Сашо Мијалков, Јордан Камчев и кумот Ристо Новачевски беа осомничени за перење пари, односно за помагање. Досегашниот тек на истрагата покажа дека Груевски, од 2006 до 2012 година, дел од донациите дадени за финансирање на партијата ги задржувал за себе, односно дека успеал да присвои 1.300.360 евра или 79.972.140,00 денари. Овие средства тој ги пиштил во оптек со тоа што започнал да купува плацеви на Водно, преку фирма од Белизе, а чиј управител бил неговиот кум.

(Љ.С.)

Спонзорирано