ПРИТВОР ЗА ОРЦЕ КАМЧЕВ ПОРАДИ ОБИД ЗА БЕГСТВО

1059

Притворот, во траење од 30 дена, на Орце Камчев му е изречен поради неговиот обид за бегство од државата

Љ.Станковиќ

Судија на претходна постапка од скопска „единица“, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, му изрече мерка притвор на Орце Камчев, откако тој беше осомничен дека планира да побегне.
Орце Камчев денеска претпладне беше приведен од полицијата, откако од Агенцијата за национална безбедност биле обезбедени докази дека Камчев планира бегство од државата и тоа непосредно пред да биде спроведен во судот поради криминали поврзани со плацевите на Водно коишто, преку оф шор, компании беа купени за сметка на Никола Груевски, а зад што застана токму Орце Камчев.
Како што е познато од досегашниотѕ тек на истрагата, од 19 октомври 2012 до четврти септември следната година, на сметката на фирмата „Сирах инженеринг“, биле уплатен 1.299.515 евра, за кои се верува дека се пари на ВМРО-ДПМНЕ кои биле упплатени како донации од физички и правни лица. Намерата била да се купат плацеци со површина од 11.000 метри квадратни. Зад овој мега-копупциски скандал, односно за перење пари и други приноси од кривично делои, освен сега притворениот Камчев, осопмничени се и Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, но и Сашо Мијсалков, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.
Речеси сите споменати се и на листата на осомничени во случајот наречен „Империја“, но и Христина Камчева Стојческа, Цветан Панделески, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.
Обвинителствто се сомнева дека Орце Камчев испрал најмалку 10 милиони евра, односно дека државниот буџет е оштетен за 15 милиони евра.
Медиумите финансирани и(ли) спонзорирани од Орце Камчев излегоа со спин дека тој, наводно, бил приведен поради сторени изборни нерегуларности. Некои од нив во одбрана на Камчев одеа до таму што објаснуваа дека осомничениот секој ден доаѓал на работа во болницата „Аџибадем Систина“ каде, небаре, тој да вршел прегледи на пацинети. Апсурдот на ваквите тези од до таму што се тврди дека Камчев не можел да бега, бидејќи неговиот македонски и бугарски пасош се во судот!

Спонзорирано