КАМЧЕВ НА РАСПИТ ЗА ПЛАЦЕВИТЕ НА ВОДНО

1265

Судија на претходна постапка е Васил Динковски, откако претгодно судијката Сандра Крстиќ побарала да биде изземена

Во скопска „единица“ во тек е распит на Орце Камчев, осомничен за незаконското купување на плацеви на Водно. Камчев, утрово беше приведен поради сомнеж дека планирал бегство од земјата.
Како што дознава „ПРАВОСУДСТВО.МК“, судија на претходна постапка е Васил Динковски, кој, е всушност замена, бидејќи ред за постапување и’ бил на судијката Сандра Крстиќ, но таа побарала да биде изземена.
Претставник на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е обвинителката Лиле Стефанова, што претпоставува дека Камчев одговара за плацевите на Водно, на Никола Груевски.
Обвинителката Стефанова се’ до расформирање на Специјалното јавно обвинитеклство ја водеше и истрагата за предметот наречен „Империја“, но подоцна тој му беше даде на работење на друг обвинител и оттогаш целиот случал како да тапка во место.
Стефанова, како што неофицијално се дознава, побарала мерка притвор за Камчев. Тој еднаш веќе беше во притвор, но беше ослободен откако даде гаранции во пари.

Спонзорирано