СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА РАЗРЕШИ ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА

859

„На повеќето судии-членови на Судскиот совет, сум им била едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители и од мене го учеле етичкото, професионално и стручно постапување, а истите тие, сега мене ме разрешуваат за, наводно нестручно и неетичко постапување, имајќи го притоа во предвид мојот 35 годишен професионален и личен габарит“, вели Лидија Неделкова за „Правосудство’.

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија, на денешната 363 седница, донесе одлука за разрешување на Лидија неделкова од судиската функција.
Советот одлуката ја донел едногласно, односно со 10 гласови „за“ и ниту еден „против“ и според претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, Неделкова е времено оддалечена од работата како судија се’ додека одлуката не стане правосилна.
Разрешувањето на Лидија Неделкова дојде по денешната расправа по Извештајот на Комисија за утврдување на одговорност на судија – претседател на суд, односно по поднесена иницијатива од сега веќе разрешениот екс-претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, а кој ја обвини својата колешка дека наводно одбивала прием на предмети или дека самоволно користела три дена од годишниот одмор.

На Лидија Неделкова денеска и’ беше овозможено да присутвува на седницата на Судскиот совен во придружба на адвокат, но немаше и судија којшто требаше да биде одреден од Здружението на судии, како што таа бараше и на што како судија инсистираше.

Само кратко по изрекувањето на одлуката „Правосудство“ побара од Неделкова коментар за ова што денеска и се случува.

„Денеска на седницата на Судскиот совет на која се расправаше за мојата одговорност за нестручно и несовесно постапување како судија, само се потврди дека разрешувањата на судиите се нарачани и, како што велат членовите на Судскиот совет согласно ‘насоките’ што ни се дадени или ‘така е решено’. Се’ она што го правеше и претходно Судскиот совет само е забрзано и продлабочено и личи на суд за ‘непожелни’ судии. Морам да признаам дека ми беше жал за членовите на судскиот совет, особено за претседателот, бидејќи мораа со задоцнување од еден час да ја започнат седницата, за да претходно ‘успешно’ се искординираат, а сето тоа им се познаваше на лицата. На повеќето судии-членови на Судскиот совет, сум им била едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители и од мене го учеле етичкото, професионално и стручно постапување, а истите тие, сега мене ме разрешуваат за, наводно, нестручно и неетичко постапување, имајќи го притоа во предвид мојот 35 годишен професионален и личен габарит“, вели Лидија Неделкова за „Правосудство’.

Неделкова е на мислење дека одкуката за нејзино разрешување е донесена избразано, со оглед на тоа што таа се’ уште ја нема добиено одкуката на скопското Основно јавно обвинителство со која се отфрлаат, од неа поднесените кривични пријави, но таа уште сега најавува дека одлуката ќе биде обжалена до Вишото јавно обвинителство, а жалба ќе следи и до Врховниот суд, по денешната одлука.

Како што веќе неколку пати пишувавме за овој случај, во јавноста се создаде впечаток дека Јово Вангеловски поведе постапка против Неделкова поради тоа што таа кривично го пријави Вангеловски дека сторил злоупотреба на службената положба и овластување, со тоа што и’ ускратил право на разлика во плата, а за што тој, по неговото разрешување беше обвинет.

(Љ.С.)

Спонзорирано