Стечајот на „ТЕ-ТО“ претпочита истрага за повеќе од 100 милиони евра

1604

Финансиската полиција, за сума од 7.964.250.000 денари, до Јавното обвинителство поднесе пријава за менаџер, стечаен судија и нотар

 

Управата за финансиска полиција до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе кривични пријави за менаџер, стечаен судија и нотар за предмет кој се поврзува со гасната централа „ТЕ-ТО“.
Споменатите се сомничат дека сториле повеќе кривични дела односно: предизвикување на лажен стечај, злупотреба на службена положба и овластување, како и перење пари кои во државава пристигнувале од Русија. Во Управата за финансиска полиција проценуваат дека предмет на истрага треба да бидат 7.964.250.000 денари или повеќе од 100 милиони евра, н о и тоа дека со предизвикувањето на лажен стечај само „Топлификација“ била оштетена за 721.683.587 денари.
Според УФП на листата на осомничени се имињата на В.М., претседател на Управниот одбор на „ТЕ-ТО“ кој, пак, без валидни и законски одлуки, неовластено склучил анекси на договори за заем, нотарски договори и поднел барање за отворање на стечај, со план за реорганизација на „ТЕ-ТО“.
Второпријавената С.Т., како стечаен судија, без да го утврди ограничувањето донела решение со кое бил прифатен предлогот за отворање стечај, а нотарката С.С., спротивно на Законот за нотаријат, заверила анекси на договори и нотарски договори.
Поради постоење постоење на финансиски транскациии кон „ТЕ-ТО’, во висина од 7.264.250.000 милијарди денари, а коишто потекнуваат од кривични равни настани за кои во Руската Федерација се водат кривични истраги, постои сомнеж дека има и перење пари.

Спонзорирано