ЖЕНА СО ТРИ УДАРИ СО СЕКИРА ГО УБИЛА СВОЈОТ СОПРУГ

    1733

    Скопското Основно јавно обвинителство донело наредба за отворање кривична истрага за 50-годишна жена за кривично дело убиство.
    Иако жената се сомничи за тешко кривично дело од Обвинителството само соопшуваат дека осомничената е жителка на скопското село Студеничани, а дека настанот се случил за време на извршување на семејно насилство, но додека сопругот бил дворот таа ја зела секирата и со неа му задала три удари со сечивото со што му нанела смртни повреди.
    Ценејќи дека постојат околности кои што укажуваат на опасност осомничената да се даде во бегство или да ја попречува кривичната постапка преку влијание врз сведоците и вешти лица Јавниот обвинител од Судијата на претходна постапка побарал на осомничената да и биде изречена мерка притвор.

    Спонзорирано