Здравев го наследи Караџовски на кормилото на Судскиот совет

1582

Судијата Киро Здравев е избран за претседател на Судскиот совет. Негов заменик ќе биде Селим Адеми. Здравев, функцијата ја наследува од Зоран Караџовски, чиј мандат како претседател на Советот истекува утре.
Здравев едногласно е избран за нов претседател на Судскиот совет. За него гласаа 12 членови на Советот, освен судијката Гордана Спиреска, која беше отсутна. На седницата дојде и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски кој исто така учествуваше во гласањето.

Спонзорирано