Украл 18 илјади денари од маркет во Хиподром

1125

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 23 март од маркет во населбата Хиподром на дрзок начин одзел парични средства во вкупен износ од 18.000 денари со намера противправно да ги присвои.

Тој првин влегол во маркетот, од фрижидерот зел шише сок и се упатил кон касата за наводно да плати. Притоа видел дека касата е подотворена, го искористил моментот на невнимание на сопственичката на маркетот и од касата ги одзел парите. Кога оштетената го забележала, тој ја оттурнал и веднаш го напуштил местото. Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на лицето првично му беше определена мерка притвор, а кои се однесуваат пред се на опасноста тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на притворот.

Спонзорирано