На денешното продолжение на судскиот процес за насилството во општина Центар судот изведе 11 видео записи предложени од обраната на обвинетите, како и неколку новински текстови, поставени на веб страниците на тие медиуми. Всушност, судот денеска презентираше 11 видео записи од четири телевизиски куќи, односно четири снимки од телевизија „Телма“, една помалку од „Канал 53 и „МТВ“ и еден од „Алфа“. На снимите можеа да се видат изјавите на владиката Агатангел кој најотворено го напаѓа тогашниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, но и владиката Иларион кој ги поддржува ставовите на Агатангел. Во еден од презентирсните докази може да види дека со тезата за уривање на неизградената црква „Свети Константин и Елена“, презентирана од Агатангел, не се согласува и владиката Пимен. Имено, владиката Пимен бил на мислење дека Жерновски не планирал да урива црква, а што реално и се случи. Адвокатот Боро Тасевски, откако беа исцрпени доказите, рече дека тој, во името на сите бранители ќе достави листа со имиња на 27 сведоци и дека веќе на следното судско рочиште, закажано за 19. овој месец, ќе бидат повикани четири општински советници За насилството, односно за нарачаните шамари на обвинителна клупа се наоѓаат 14 лица, но меѓу нив, од познати причини, не е Никола Груевски. Инаку тој, Миле Јанакиески и тогашната советничка Даниела Рангелова се товарат за поттикнување на насилствата кои се случија во јуни 2013 година, односно по падот на ВМРО-ДПМНЕ од влас во централната скопска општина.
Четворица советници ќе сведочат за насилствата во Центар
Спонзорирано





