Државниот јавен обвинител формираше привремена Комисија за следење евентуални противправни дејствија поврзани со изборите, што е уредено со глава 16 од Кривичниот закони „Кривични дела против изборите и гласањето“ и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите на 21 април и 5 мај.
За претседател на Комисијата е определен обвинителот Џелал Бајрами од државното Обвинителство. Во привремената Комисија членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство -Скопје.
-Проактивното и превентивно делување на Јавното обвинителство за претстојните избори е во насока на приоритетно постапување за извршени изборни нерегуларности. Комисијата на дневна основа ги следи сите настани поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите и секаде каде ќе оцени дека има индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите ќе ги известува пониските основните обвинителства со насока за итно постапување, велат од Обвинителството.
Јавното обвинителство, преку Привремената комисија, ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на изборите, да достават поднесок/пријава на електронската адреса – izbori@jorm.gov.mk.
Обвинителството формира Комисија за гонење изборни нерегуларности
Спонзорирано