Скопскиот Апелационен суд денеска ја објави одлуката која се однесува на предметот наречен „Поткуп“, а со која само се потврдува ослободителната прењсуда која што во мај минатата година ја изрече скопскиот кривичен суд.
Имено, со одлуката на повисокиот суд се отфрла жалбата на Обвинителството со што пресудата за случајот „Поткуп“ станува правосилна.
„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.62/16 од 21. мај 2018 година“, се вели во соопштението на Апелациониот суд о притоа се шпојаснува дека „одлуката, во целост, ќе биде објавена на веб-страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“.
Како што е веќе познато скопскиот кривичен суд, односно судијата Дарко тодоровски, во мај минатата година, изрече ослоботелна пресуда, откако претходно беше кажано дека Обвинителството не успеало да докаже дека актуелниот премиер Зоран Заев, во време кога ја извршуваше функцијата градоначалник на Струмица не примил поткуп од лицето Иван Николов Сачевалиев. Кратко по изрекување на пресудата премерот кажа дека трауматичен бил моментот на изрекување пресуда, но дека е среќен.
„Докажав невиност и дочекав правда. Очекував ослобителна пресуда. Логично беше затоа што тоа се докажа во судската постапка од презентираните докази“, рече Заев и кажа дека сде што работел како градоначалник било транспарентно. Инаку, државните органи се уште не успеаа да откријат како дојде до тоа снимка, која е обезбедена со примена на таканаречени посебни истражни мерки се најде на каналот „Ју тјуб“, а потоа и на телевизии со национална концесија, а домашната јавност остана и покуса за преглед на целата таа снимка со која само се потврдѕува дека не само што нема поткуп и средтва за поткуп, туку има и поттикнување на кривично дело.
Апелација потврди: во „Поткуп“ нема поткуп
Спонзорирано