СИНДИКАЛНИ (НЕ)СПОРТСКИ ИГРИ!

1936

Синдикална органицација која грчевито се бореше за опстанок на поранешното раководство на ССМ и која го бојкотираше штрајкот на судовите, бара место во Советот за реформи во правосудството

 

Љубиша Станковиќ

 

Долго време го одложувам ова што конечно, денеска го објавувам. Долго време се мислев дали треба, дали вреди и дали има смисла, но како нешто да се преломи во мене и затоа им се предадов на мислите. Всушност, самата „тема“ како да ме присили да напишам нешто.
Имено, една синдикална организација, која работи и делува во склоп на Синдикатот на УПОЗ дошла до заклучок дека токму таа треба да биде вклучена во работата на Советот за реформи во правосудството. Раководството на оваа синдикална организација, се разб
ира, откако ги завршила сите свои синдикални обврски кон своето членство, гласно ќе констатира дека дури 85 отсто од вработените во судовите го сочинуваат судските службеници , но затоа, пак, тие немале „глас во владиното тело кое одлучува и за нив“?! Генијалноста на ова раководство оди до таму што ќе констатира дека во телото за реформи „се нашло место за судии, за поедини претседатели на судови, експерти, за професорската фела, адвокати“, но не и за нив. Тие знаат дека првиот обид за формирање на Советот за реформи се покажал како неуспешен и дека неколкумина експерти уште на самиот почеток си поднеле оставки.
Несомнено дека оваа синдикална организација има потенцијал за водење деневна политика, но исто така е евидентно дека нејзиното раководство не ја познава суштината на постоењето на синдикализмот, а уште помалку нејзините насоки на делување.
Во оваа прилика нема да објаснувам што му е примарна задача на синдикатот, иако за тоа, како долгогодишен синдикалист, можам да зборувам со денови, но тие навистина требало да знаат со кого и за што разговара/преговара Синдикатот!
Само колку за потсетување токму предметната синдикална организација беше против промена на сега веќе поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, вклучително и на претседателот на УПОЗ! Токму оваа синдикална организација која, нели, треба да ги претставува своите вработени, беше единствената која не го поддржа штрајкот кој се случи во сите судови во државата, но не и во нивниот суд!
Како што тргнало оваа синдикално раководство, најверојатно ќе бара функција и на синдикалните спортски игри, оти ако биде поинаку тие и таму нема да играат?!

 

Спонзорирано