Скопското обвинителство, за кеивично дело: симнување и оштетување на службен печат, предлага едно лице да биде парично казнето?!
Имено, надлежен Јавен обвинител, му предложил на кривичниот суд, за обвинетиот да изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде 50 евра.
Како што информираат од Обвинетелството, на втори овој месец, во деловни простории на правен субјект на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, симнал службен знак поставен од инспектор за животна средина, од Општина Центар. Знакот бил поставен заради осигурување на објектот, а врз основа на донесено решение за забрана за вршење угостителска дејност, во рок од 30 дена, откако со мерења било утврдено дека угостителскиот објект емитувал ниво на бучава над пропишаните гранични вредности. Обвинетиот го отстранил службениот знак за запечатување на локалот, влегол во објектот и продолжил со вршење на дејноста.
За симнување службен печат од локал, предложена парична казна?!
Спонзорирано