Драганчо Стоименов, викан Дацо Белски, поранешен телохранител на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како што неофицијално дознаваме, сам се пријавил пред судот во Кочани, откако безмалку три месеци беше во бегство.
Стоименов стана недостапен за органите на прогонот во јануари годинава, кога, по кратка вербална расправија, пукаше и го повреди Драган Здравев. Инцидентот се случи во кафе барот „Аква“ во Кочани, по што Стоименов избега.
Стоименов има подебело досие. Беше сведок и оштетен во случајот „Детонатор“.Во една престрелка во Скопје пред неколку години, Александар Василевски Нинџа го нападна Стоименов и го рани, но во судскиот процес Нинџа доби минимална затворска казна.
Спонзорирано





