ТАТКО ТЕПАЛ ЌЕРКА, А СЕ ЗАКАНУВАЛ СО СКАЛПЕЛ!

633

За жител на тетовска Брвеница тамошното Јавно обвинителство поведе кривична истрага за кривични дела: запуштање и малтретирање дете и загрозување на сигурноста.
Повдувањето на постапкта за овој 38-годишен маж доаѓа по неговото изживување врз нговата десетгодишна ќерка.
„На 2 август, во семејната куќа во Брвеница, со грубо запоставување на своите должности за грижа и воспитување, осомничениот ја малтретирал својата малолетна ќерка родена 2011 година и ја загрозил сигурноста на својата сопруга и на својот татко, заканувајќи се дека ќе нападне врз нивниот живот“, веалт од Обвинителството и притоа појаснуваат дека сега осомничениот критичната вечер се вратил дома во алкохолизирана состојба.
Иако со повеќе решение од тетовскиот суд, а со кои му забранува да ги вознемирува домашните и врз нив да врши семејно насилство, тој најпрвин започнал да ѝ се заканува на сопругата дека ќе ја убие. Девојчето побарало од осомничениот да не ја вознемирува мајката, но тогаш тој грубо ја фатил ќерката за десната рака, ѝ ги свиткал прстите и почнал да ѝ удира шлаканици, нанесувајќи ѝ физички повреди, болка и страдање. Мајката се обидела да ја одбрани ќерката, но тој ја удрил со тупаница.
Во еден момент во собата влегол таткото на осомничениот. То побарал од синот да се смири и да не прави проблеми, но тој наместо да го послуша својот татко, од џебот извадил два скалпела, а потоа го фатил за коса и му го ставил скалпелот на вратот, по што му се заканил дека ќе го убие. Откако го ослободил татка си, тој на присутните им се заканил со зборовите: „Вечерва ќе има крв!“.
Судот во Тетово, на предлог на обвинителството, на осомничеиот му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

Спонзорирано