СЕ ОТВОРА ИСТРАГА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА ПРИ НАБАВКА НА ЕНДОСКОП

809

По спроведена предистражна постапка, Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) донл наредба за отпочнување на истрага за три лица за неколку кривични дела. Имено, првоосомничениот се сомничи дека сторил кривично дело: злоупотреба на службената положба и овластување, второосомничениот за поттикнување и за фалсификување службена исправа, а третоосомничената за: несовесно работење во службата.
Во текот на 2016 година, првоосомничениот, како службено лице, во својство на директор на јавна здравствена установа во Скопје, злоупотребувајќи ја својата службена положба, при вршење на јавна набавка прибавил за друг значителна имотна корист при што нанел штета на Буџетот на установата. Тој, поттикнат од второосомничениот, кој бил управител на правното лице задолжен за набавка, продажба и сервисирање на медицинска опрема од Скопје, ги прекршил одредбите од Законот за здравствената заштита и Законот за јавните набавки. Изготвувајќи тендерска документација и технички спецификации спротивни на укажувањата предочени од Советот за јавни набавки, објавил оглас за набавка на ендоскопски систем со гастроскоп, електрохируршка единица и аргон плазма коагулација, иако за тоа немало реална потреба, а немал ни согласност за користење на критериумите за утврдување на способност. На огласот имало само една прифатлива понуда и тоа од економскиот оператор кој бил застапуван од второсомничениот. Директорот дека економскиот оператор не ги исполнува сите услови, па извршил измена на дел од тендерската документација и го избришал условот за учество во конкретната јавна набавка што не го поседувал пријавениот економски оператор. Со ваквите дејствија тој овозможил понудата на економскиот оператор да биде избрана како најповолна понуда, по што склучил договор со второосомничениот за набавка во вредност од 6.115.468 денари или околу 100.000 евра. Со ваквата набавка директорот, за правнотро лице, успеал да прибави имотна корист во износ од 3.542.317 денари, кој, пак, износ претставува позитивна разлика од продажната минус набавната вредност, со што нанел штета на Буџетот на установата во износ од 942.315 денари или околу 15.000 евра.
„Второосомничениот како одговорно лице во правно лице, во текот на 2016 година, во службена исправа внел невистинити податоци, по што исправата ја употребил како да е вистинита и во име на правното лице, а со крајна намера да изврши продажба на медицинско средство – ендоскоп, доставил барање до Агенцијата за лекови и медицински средства за издавање на одобрение за увоз. Тој како управител потпишал и доставил изјава со која во име и за сметка на правното лице изјавил дека увозот на медицинското средство од производител од Република Србија, купено за износ од 26.500 евра или 1.630.836 денари, се врши за краен корисник јавната здравствена установа што не соодветствувало со наводите во понудата по огласот каде бил наведен производител од Јапонија“, се вели во служебниот допис на ОЈО ГОКК, а според кое третоосомничената, како службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства, без да ги изврши потребните проверки и да ја побара потребната документација спротивно на одредбите од Законот за лекови и медицински средства во ЕХИМ системот изготвила и одобрила одобрение за увоз на медицинско средство чијшто производител не е регистриран.

Спонзорирано