Две безживотни тела на жени, на возраст од 64 односно 42 години, утрово се пронајдени во куќа, на улицата „Александар Македонски“, во Прилеп.
Според првичните информации со кои располага обвинителствтото, жените биле пронајдени утринава, во осум часот, а причина за смртта се рани коишто им биле нанесени од огнено оружје.
„Безживотните тела на А.П., родена 1979 година и нејзината мајка Т.К., родена 1956 година, имале прострелни рани. Во нив пукал сега осомничениот, 50-годишниот поранешен сопруг и зет на починатите. Со две прострелни рани се здобило и уште едно лице, брат и син на оштетените, кое било во просторијата. Во обидот да биде совладан, повреден е и осомничениот“, велат од обвинителството и потврдуваат дека ранетиот, но и осомничениот биле пренесени во прилепската болница каде им е укажана лекарска помош.
Освен подигање на материјалните докази и наредба за обдукција на починатите и вештачење на материјалот била издадена наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец.
Прилепчанец ја застрелал поранешната сопруга и нејзината мајка
Спонзорирано