ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ ДОКУМЕНТАЦИЈА ОД ВЕЛЕДРОГЕРИЈАТА „ПАНОВСКИ“

891

Инспектори од Одделот за борба против организиран криминал и корупција при Министерствто за внатрешни работи, а по налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска вршеа заплена на документи од веледрогеријата „Пановски“.
Според првичните информации документацијата се плени поради сомнеж дека веледрогеријата, наводно, се занмимавала со паралелен увоз на медикаменти, од Турција.
Заплената на документација од „Пановски, но и од други веледрогерии, доаѓа по „допрен глас во јавноста“ дека, наводно, се увезувале фалц лекарства кои, потоа биле дистрибуирани во аптеките во земјава.

Спонзорирано