Пет лица се водат како осомничени за пожарот кој пред три дена избувна во непосредна близина на Велешкото езеро и од кој беа уништени 50 хектари нискостеблеста шума.
Основното јавно обвинителство во Велес издало наредба за отпочнување на истрага за едно одговорно лице во едно правно лице и уште четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице. Имено, една градежна компанија ги ангажирала сега осомничените работници кои, според првичните сознанија, го предизвикале пожарот од искри исфрлени од апарат за брусење.
„Од искрите се запалила околната тревна површина, а пожарот потоа неконтролирано се проширил и добил големи размери, па била опожарена и поголема шумска површина“, велат од обвинителството и потврдуваа дека постапката се води за кривично дело: тешки дела против општата сигурност, односно за предизвикување општа опасност.
Јавниот обвинител, до судија на претходна постапка, предложил мерка притвор за одговорното лице и за работникот кој работел со апаратот за брусење, а за другите тројца дал предлог за изрекување на мерки на претпазливост.
Пет лица се осомничени за предизвикување на пожарот во околината на Велес
Спонзорирано