Отфрлена кривична пријава за Блерим Беџети за дивите платформи на Матка​

1809

Според обвинителството, градоначалникот на Општина Сарај, донел решенија со кои биле одбиени барањата за легализација, а помош во отстранување на платформите била побарана и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам

 

Скопското Основно јавно обвинителство донесе решение со кое се отфла кривичната пријава којашто Државната комисија за спречување на корупцијата ( ДКСК) ја поднесе протов градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, а поради сомнеж дека сторил кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата.

Како што информираат од обвинителствто, иницијативата за кривично гонење ДКСК ја поднело поради сомнеж дека Беџети „свесно и намерно не презел дејствија и не донел конкретни управни акти во постапките за утврдување на правниот статус на бесправно изградени објекти, со што на физички и правни лица им овозможил бесправно да изградат деловни објекти од локално значење и времени објекти -платформи на езерото Матка, да стопанисуваат со нив и да остваруваат противправна имотна корист за себе и за друг“. Постапувајќи по поднесената пријава, јавен обвинител поднел барање за собирање потребни известувања до Државниот управен инспекторат и до градоначалникот на Сарај, до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и до општина Сопиште.

„Од податоците доставени од Државниот управен инспекторат произлезе дека инспекторите од овој инспекторат извршиле вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај во врска со постапувањето во наведените предмети, при што на 10. јуни 2019 година бил составен записник со наод за утврдена состојба и констатирани недостатоци во управното и канцелариското работење. Притоа било донесено решение со кое градоначалникот на општина Сарај бил задолжен да преземе мерки и дејствија во негова надлежност и во определен рок да ги отстрани недостатоците“, се вели во соопштението на скопското обвинителелство и се појаснува дека на 21. август минатата година инспекторите изврш

иле контролен инспекциски надзор при што е утврдено дека градоначалникот целосно постапил по решението и ги отстранил претходно утврдените недостатоци и против него не се преземени наредни дејствија.
Од доставените известувања од градоначалникот Беџети произлегува дека во првите четири предмети, по спроведена постапка, донесени се решенија со кои се одбиваат барањата за легализација, по кои решенија подносителите на барањата доставиле жалби до Министерството за транспорт и врски. И покрај вложената жалба, општина Сарај, на 16. септември 2019 година, распишала јавна набавка за уривање на овие објекти, но на повикот не се пријавил ниту еден економски оператор. Поради ова Општина се обратила до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за помош при отстранување на платформите, но оттаму им било одговоренмо дека се работи за „објекти од локално значење за кои е надлежна општината“.
Во однос на петтиот предмет, решението за легализација било донесено од претходниот градоначалник на општина Сарај, уште во 2017 година, а по иницијатива на МПЦ – Охридска Ахиепископија решението е огласено за ништовно со пресуда на Управниот суд.
Од шестиот предмет, опфатен со пријавата, произлегува дека од општина Сарај е составен записник за констатација, но за овие платформи одлучувала општина Сопиште. Донесеното решение за легализација во овој предмет од страна на Одделението за урбанизам на Сопиште, подоцна било поништено од градоначалникот, а по жалба во предметот одлучувало Министерството за транспорт и врски.
Општина Сарај во врска со изградените платформи се обратила и до Град Скопје и до Министерството за животна средина за да провери дали од нивна страна биле издадени одобренија на лицата подносители на барањата за легализација да вршат превоз со чамци од манастирот „Св. Андреја“ до пештерата Врело. Имено, контролата на превозот со чамци е во надлежност на Министерството за животна средина, кое презема мерки согласно Законот за води, доколку се констатираат прекршоци од конкретни сторители.
Државниот инспекторат за животна средина извршил инспекциски надзор и до Општина Сарај доставил известување со насоки за натамошно постапување во однос на барањата за легализација, во кое се наведува дека против општината нема да биде покрената инспекциска постапка, бидејќи не се утврдени недостатоци во нивното работење согласно Законот за води.
Поради сето наведено надлежниот јавен обвинител утврдил дека не се содржани елементите на споненатите кривични дела и дека градоначалникот, во рамките на своите надлежности, спровел процедури согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти и донел негативни решенија по барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на подрачјето на кањонот Матка.
За барателите или градителите на бесправно изградени објекти на подрачјето на кањонот Матка, нивното постапување е предмет на проверки во друг предмет кој се уште е во предистражана фаза.

Спонзорирано