За старт на онлајн судења можеби е малку предоцна, бидејќи само во скопска „единица“ има десетина заболени од ковид-19, а токму во овој суд се преземаат и најмногу мерки за заштита и се прават нови распореди на судења и на судници
Љубиша Станковиќ
Да не беше новиот министер за правда да не потсети дека постои нешто што се нарекува „Европски ден на правдата“ немаше да се сетиме дека такво нешто постои и дека треба да се одбележи. И како што е ред во вакви прилики, министерот ѝ се обрати на јавноста со најави за работи кои планира да ги реализира во периодот кој следи.
Од бројните најави на министерот Маричиќ најмногу на мисла ме стави онаа за отпочнување со онлајн судења, како начин на заштита од корона вирусот.
Министерот ќе каже дека веќе постојат некакви, претходни искуства, веројатно мислејќи на искази обезбедени преку видео-линк, но се чини дека целата оваа работа е малку посложена?!
Имено, за почнување со онлајн судења можеби доцна, бидејќи само во скопска „единица“ има десетина заболени од ковид-19, а токму во овој суд се преземаат и најмногу мерки за заштита и се прават нови распореди на судења и на судници, дотолку повеќе што тука се реализираат најмногу и најголеми судски процеси.
Искрено, не ми е јасно како судење во кое низ судница треба да „продефилираат“ неколку десетици луѓе ќе можат „да се во кадар“ на камера од компјутер?
Не ми се познати ни размислувањата на Министерството за правда, но идејата за воведување онлајн судења, секако, дека нема да ја наречам „пародија и гротеска“, како што тоа го стори опозицијата, но знам дека реализацијата ќе оди тешко и бавно. Заклучокот дека онлајн судењата ќе одат бавно ги црпам од искуствата на неколку балкански земји кои со размислувања и реализации на ваков вид на судења започнаа уште некаде во март и април, кога ситуацијата со корона вирусот ни беше нова и комплетно непозната.
Новиот начин на размислување за непречено одржување на судењата во услови на пандемија од корона започна во Босна и Херцеговина кон средината на април оваа година. Во земја, каква што е БиХ, а во која речеси се тешко се реализира, Високиот судско – обвинителски совет предложи донесување на прописи и воведување на онлајн судења, но на ваквиот предлот прво се спротистави Министерствто за правда на БиХ! За целата ситуација да добие уште повеќе „на тежина“ придонесе Високиот судско-обвинителски совет (ВСОС) кој, заради состојбата предизвиксана од пандемијата со корона вирусот, им наложи на сите судови и обвинителства да прекинат со судењата, односно да се одржуваат само оние рочиште кои се однесуваат на итни постаки. Ваквата сугестија на ВСОС не наиде на одобрување кај претставниците на Европската унија, кај Советот на Европа, Канцеларијата на високиот представник на ОХР, во амбасадите на САД и на Велика Британија. Сите тие побараа „функционирање на правосудсниот систем со полна пареа, транспарентно и ефикасно!“, а министерот за правда на БиХ, Јосип Грубеша; само потврди дека „правен основ за онлајн аудио-видео снимсање во кривична постапка нема да добие поддршка“!
Ставот на Министерствто е дека предлогот на ВСОС не само што не го решава проблемот во кривичните, туку нема ништо да реши и во прекршочни предмети, но и граѓанскитете, извршните и во други постапки!
И Србија има одредени искуства со, како што тие ги нарекуваат: „Скајп судења“, а истите се поврзуваат со воведувањето на вонредната состојба, на 15 март оваа година, односно со првата судска пресуда која ќе биде изречна на 27 истиот месец, пор
ади непочитување на мерки за самоизолација!
Имено, со видео – линк, односно судења преку „скајп“, судот во Димитровград на казна затвор во траење од три години ќе осуди жител на Србија кој времено живее и работи во една држава во Западна Европа. Висината на казната, може, но и не мора да претставува некое иозненадување, но
„крај“ на онлајн судењата доаѓа кога за истото кривично дело судот во Зрењанин ќе изрече парична казна од 80.000 денари или нешто малку повеќе од 650 евра!
Објаснувањата од типот: зошто онлајн судењата не само што не го даваат очекуваниот ефект е тоа што секој предмет има своја специфика и свои карактеристики!
Потребата од непречено судење само по себе не значи и воведување на онлајн судења. Хрватска, со своите искуствува цени дека за ваков вид на судење, освен потребните технички услови, неопходно е и донесување на нов закон, а за кој не се залагаат токму судиите. Судовите се уште немаат воведено онлајн судења, но затоа, пак, имаше прекин на работата на судовите се до мај, кога беше укинат карантинот. Сите прекинати судски постапки беа продолжени уште во текот на летото, но со појавата на „вториот бран“ на корона, има се повеќе заболени судии, како и адвокати, кои, пак, и натаму се на мислење дека она што тие како дејствие можат да го преземат на судење, не можат со онлајн варијанта.
На крајот на оваа нималку лесна ситуација се надоврзуваат и новинарите и нивните асоцијации кои освен што бараат максимални мерки на заштита во судовите, потајно навиваат за судења „во живо“ за да можат да ја пренесат целата атмосфера од судницата, а што е невозможно преку камерата и некаква платформа!