НОВИ 3,6 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ЗА СЛУЧАЈОТ „СОНЧЕВ ГРАД“

1548

Освен Јанакиески, на ефективен затвор е осуден уште еден од обвинетите, а четворица други минаа со условни казна од по пет години

 

Нови 3,6 години затвор му се изречени на Миле Јанакиески, поранешен министер за траспорт, во случајот наречен „Топлик“, односно за обидот за изградба на таканаречниот „Сончев град“, во непосредна близина на скопското село Сопиште.
Со денес изречената пресуда на ефективен затвор во тарење од три години е осуден и обвинетиот Томе Ѓурчилов, а на обвинетите Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Веса Томчевска судот им изрече затворска казна во траење од по две години којашто нема да се изврши доколку во наредните пет години не сторат ново кривично дело.
Судот ги задолжи сите осудени солидарно да ја надоместат направената штета во висина од 64.206.839 денари, односно милион и 44 илјади евра. Станува збор за средства кои државата и ги исплатила на компанијата којашто требала да го реализира замислениот проект наречен „Сончев град“, односно за изградба н елитна населб на Водно.
Судечкиот совет, со кој претседаваше судијата Осман Шабани, немал дилема дека делото за кое се товареше поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште петмина други лица, вработени во спомеатото министерство, госториле делото за кое тие беа обвинети. Тој во кусото образложение на пресудат кажа дека Миле Јанакиески, спротивно на Законот за јавни набавки, составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. Судијата потести на целиот тек на постапката која се одвивал уште во 2007 година, но и на фактот дека по раскинувањето на договорот со фирмата изведувач, а по донесена пресуда во граѓанскиот суд, државата морала да исплати штета од милион евра.

Спонзорирано