Медицинска сестра, по успешно изведена операција на ТОАРИЛ, од роднина на пациент, побарала и примила 300 евра, бонбониера и пијалок, но кога решила наградата да ја сподели со лекарите, тие „наградарта“ ја пријавиле в полиција.
Сестрата е веќе обвинета за кривично дело: примање награда за противзаконито влијание.
„Обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28. септември 2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, од синот на пациентка која требало да се оперира побарала 300 евра, бонбониера и пијалок, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата. Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката. Откако и биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а ќесата со останатите 150 евра, бонбониерата и пијалокот ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во ќесата, настанот го пријавиле во полиција“, велат од Јавното обвинителство и потврдуваат дека за неа е доставен предлог за опеределување мерки на претпазливост за обвинетата, а со кој се бара забрана за напуштање на живеалиштето – престојувалиште и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Медицинска сестра обвинета за примање „награда“ од 300 евра
Спонзорирано