ЛУСТЕРИТЕ ШТО ВМРО-ДПМНЕ ГИ ДОНИРАШЕ ВО ЦРКВИ МОЖНО Е ДА БИДАТ ОДЗЕМЕНИ

1193

Државата нема да интервенира, односно да бара донираните лустери, од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, за црквата „Свети Никола“, во скопско Љубанци, да бидат вратени, но доколку се покаже дека штетата во предметот наречен „Талир 2“ е поголема од онаа што реално може да се наплати, тогаш ќе се посегне и по нив, но и по други предмети кои се во објектот.

Зошто и како дојде до тоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, да донира скапоцени лустери на црква од партијата не соопштуваат. Всушност, да не беше објавата на пратеникот Јохан Тарчуловски на социјалните мрежи можеби никогаш и немаше да се дознае дека од седиштето на партијата биле изнесувани вредни предмети. Имено, Тарчуловски, кој е роден во Љубанци, се заблагодари на новите лустери инсталирани во црквата „Свети Никола“.

„Огромна благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за донацијата од лустери кои се извадени од централниот штаб, а кои беа означени како луксуз. Затоа тие се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата „Свети Никола“, во село Љубанци, вечно ќе ви е благодарна.“ – изјави Тарчуловски.

Дали одлуката на судот со која се замрзнува партискиот имот на ВМРО-ДПМНЕ е толкувана како што треба или не, не може да се каже со сигурност, но во разговор со партискиот портпарол, Наум Стоилковски, ни беше кажано дека никаде не стои забрана за донирање на предмети кои потекнуваат од внатртешноста на објектот. За волја на вистината Стоилковски побара дополнително време за да обезбеди партиски став, но и покрај верувањата тој веќе не одговори на нашите повици.

На донацијата од лустери од СЈО гледаат како на личен потег на Мицковски, но во исто време тие признаваат дека иако седиштето на партијата, со судска одлука, е замрзнато, односно дека е забранеа негово изнајмување, ставање под хипотека или продажба, сепак, не се одело на попис на мебелот, во внатрешноста на зградата. Од СЈО велат дека ако со предметот наречен „Талир 2“ се дојде до правосилна судска пресуда, а штета не може да биде наплатена со продажбата на зградата, тогаш ќе може да се направи поврат на се што е во меѓувреме изнесено. На најавата на Мицковски реагираше СЈО кое побара од судот да донесе решение со кое за оваа зграда, но и 68 други објекти, се забранува оттуѓување, ставање под хипотека и давање под закуп.
Целиот текст на 24.мк

Спонзорирано