Казната за смртта на Фросина намалена, сомнежите за возачот останаа

1665

Апелацискиот суд во Скопје ја преполови првичната затворска казна од шест и пол години за Љубиша Видојевиќ, кој е осуден за тешката сообраќајна несреќа на „Партизанска“ пред четири години, во која загина студентката Фросина Цековска од Крива Паланка.
Апелацискиот суд ја намали казната на 3 години затвор за 29-годишниот Видојковиќ, кој е осуден дека во април 2015 година, на пешачки премин кај Универзална сала во Скопје ја прегази студентката Фросина.
Првично, Кривичниот суд го осуди на 6 и пол години затвор, но Апелација го врати процесот и ја поништи пресудата. На второто судење, Видојковиќ беше осуден на 4 години затвор, а вчера Апелација која жалбата ја разгледувала на јавен претрес, му ја намали затворската казна дополнително на 3 години.
Целиот случај од старт го следеа контроверзи, посебно во однос на тоа дали Видојковиќ е возачот кој ја прегази 19-годишната Фросина и замина од местото на несреќата. Родителите на несреќната девојка во текот на процесот излегуваа и со сомневања дека вистинскиот возач можеби се крие и дека е под заштита на тогашни политички моќници.
По несреќата на „Партизанска“ и бегството на возачот, Видојевиќ се пријави во полициска станица и ја презема вината за смртта на студентката. Беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување помош, а при прегледот му се најдени 1,2 промили алкохол во крвта.

Спонзорирано