Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кичево за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – „разбојништво“ од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот на 08 април, со сила и закана, употребувајќи опасно орудие, одзел туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои. Тој влегол во спортска обложувалница во Кичево, со црна маска на лицето и со нож во раката, па се упатил кон шалтерот за уплата и исплата. Притоа со ножот му се заканил на оштетениот вработен во обложувалницата и од фиоката на работната маса одзел парични средства во вкупна вредност од 8.990 денари во различни апоени. Веднаш потоа се оддалечил во непознат правец. Осомниченото лице подоцна е пронајдено и лишено од слобода. Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Истрага за разбојништво во обложувалница во Кичево
Спонзорирано