Екслузивно: Триесетдневен притвор во Шутка за Драганчо Стоименов

3702

Судот во Кочани му ја активираше мерката притвор на Драганчо Стоименов, викан „Дацо Белски“, осомничен за обид за убиство на неговиот бизнис-партнер Драган Здравев.
Како што дознава ПРАВОСУДСТВО.МК, судот му изрекол мерка 30 дневен притвор и тој од вчера е во затворот „Скопје“, во Шуто Оризари.
Настанот за кој се товари Стоименов, инаку познат по тоа што е еден од телохранителите на екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, стана недостапен за органите на прогонот уште во јануари годинава, кога, по кратка вербална расправија, во кафе-барот „Аква“, во Кочани, пукаше и го рани својот бизнис-партнер Драган Здравев. По ранувањето Стоименов се даде во бегство и се до вчера утро тој се водеше како недостапен за органите на прогонот.
Името на Драганчо Стоименов на домашната јавност и стана познато по неуспешниот атентат врз него пред повеќе од осум години, во скопската населба Аеродром, во непосредна близина на спортската сала “Јане Сандански“. За ова, но и за многу други кривилни дела Обвинителството за органиизран криминал ги обвини довчерашните пријатели на Стоименов, главно лица од Штип, Кочани и од Виница. Во предметот којшто подоцна ќе биде оформен и ќе биде наречен „Детонатор“ судот изрече долгогодишни затворски казни, а неколкумина беа осудени и на казни доживотен затвор.
Во овој, за многумина фингиран судски процес, Драганчо Стоименов имаше статус на оштетено лице, а својство на оштетен имаше и во предмет кој се водеше против Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо, откако тие беа обвинети дека сакале да го убијат споменатио

Спонзорирано