АПЕЛАЦИЈА МУ ГО ЗАМЕНИ ПРИТВОРОТ НА РАШКОВСКИ ЗА КУЌЕН ПРИТВОР

793

Кривичен совет на скопска Апелација, а по добиено позитивно мислење од Вишото јавно обвинителство, му ја укина, односно му замени мерката притвор за куќен притвор на Драги Рашковски.
Рашковски, за кого се водат две кривични истраги сторени злоупотреби на службената положба, со понудените гаранции од 500.000 евра, наводно, очекувал целосно укинување на мерката, но Советот проценил дека постои опасност тој да се даде во бегство или, пак, да влијае врз сведоците во постапката.
Иако треба да е изненадување што одлуката е изречена во петок попладне, сепак изненадувањето е тоа што Драги Рашковски повторно се враќа во куќен притвор. Имено, непосредно по отворањето на скандалот со набавката на софтверот, односно откако се врати од Мексико на Рашковски му беше изречена мерка куќен притвор, но Јавното обвинителство за гонење на организиран кринминал и корупција вложи жалба, а судот ги прифати забелешките на Обвинителството и ја преиначи одлуката, па куќниот привот му го замени за „Шутка“.

Спонзорирано