Двојно убиство во Слупчане, застрелани татко и син

944

Маж на возраст од 47 години и неговиот деветгодишен син, вчера вечер, биле застрелани, во месноста викана „Слупчански бунар“, во атарот на кумановското село Слупчане.
Безживотните тела на таткото и синот биле пронадени од полициски службеници од Полициското одделение Матејче. Полицијата пронашла патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, во кое билe две лица кои не давале знаци на живот.
Јавен обвинител и полициска увидна екипа од СВР Куманово излегле на местото и притоа било констатирано дека непознат сторител, со огнено оружје пукал во лицето Е.С.(47) и неговиот деветгодишен син, инаку двајцата жители на селото Опае. Телата на починатите веќе се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје. Увидот потврдил дека во патничкото моторно возило во кое што биле таткото и синот било стрелано од близина и дека кон нив биле испукани повеќе куршуми. Испуканите чаури се подигнати и со нивното вештачење треба да се утврдат битни факти за случајот, а ќе се вештачи и возилото

Спонзорирано