Јавното обвинителство веќе има оформено уште еден предмет наречен „Јавна соба 2“ и за него истрага се води во Битола, Прилеп и Кавадарци
Скопското јавно обвинителство информира дека уште на петти минатиот месец оформило предмет кој е наречен „Јавна соба 1“, но дека од недамна е оформен уште еден и тој е наречен „Јавна соба 2“.
Имено, како што информираат од Обвинителството, првиот предмет, се однесува на две лица кои се сомничат дека сториле кривично дело: производство и дистрибуција на детска порнографија, односно дека 19. декември 2019 до 28. јануари следната година, осомничените, како основач и модератор на групата, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата, но дека тие, со умисла, дозволиле на групата да се направи достапен аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.
„Истрагата во овој предмет е во тек и е во завршна фаза. Надлежниот јавен обвинител ги повика двајцата осомничени да бидат испитани во Јавното обвинителство, а ќе следи и увид во доказите од одбраната. Воедно Јавното обвинителство ги комплетира и материјалните докази за кривичното дело за кое е отворена истражната постапка, по што ќе следува донесување на јавнообвинителска одлука. На социјалната мрежа ‘Телеграм’, оваа група веќе е згасната. Обвинителството во овој предмет поведе постапка за ова кривично дело, бидејќи во текот на предистрагата беа обезбедени материјални докази кои упатуваат токму на оваа правна квалификација3, се вели во соопштението на Обвинителството и се најавува новиот предмет наречен „Јавна соба 2“, кој, пак, се’ уште е во фаза на предистрага.
Од обвинителството и појаснување дека преку Министерството за внатрешни работи, на 27. јануари оваа година, имало обраќање до Меѓународниот сервис провајдер за услуги – „Телеграм“, а се’ со цел да се добијат реалните податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата, но дека се’ уште не е добиен никаков одговор. Баранмите податоци се неопходни за да се утврди идентитетот и за да може Обвинителството да постапува против имнволвираните.
„Јавното обвинителство ги искористи и механизмите на меѓународна правна помош, па согласно позитивните домашни и меѓународни прописи, податоците ги побара од Обединетото Кралство. За утврдување кривична одговорност во групата ‘Јавна соба 2’, согласно својата надлежност, постапуваат повеќе јавни обвинителства во државата, при што се издадени наредби за вештачења и барања за обезбедување податоци. Во Основното јавно обвинителство Велес, во врска со ‘Јавна соба 2’ оформен е предмет и е донесена наредба за спроведување истражна постапка за едно лице поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело: производство и дистрибуција на детска порнографија, бидејќи во неговиот мобилен телефон биле пронајдени видео записи со детска порнографија.
Во Основното јавно обвинителство – Битола е оформен предмет во врска со ‘Јавна соба 2’. Обвинителството издаде наредби за вештачење на компат диск и на мобилен телефон во насока на прибирање материјални докази и утврдување на факти во предметот. По пристигнување на извештајот од извршеното вештачење ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката.
И обвинителството во Кавадарци врши прибирање на докази, а во Прилрп, од пријавено лице се одземени два мобилни телефона.