Скопското Вишо Јавно обвинителство бара судот да не прифаќа барања за укинување на првостепеата пресуда и судење од почеток, а бара и изрекување на повисок изноз на причинета штета
По изрекувањето на првостепената пресудата, за предметот во јавноста познат како „Транспортер“, беа поднесени жалби од обвинетите и нивните бранители по сите жалбени основи, но за нив Вишото јавно обвинителство во Скопје има отворено неслагање, а посебно на барањето за укинување на пресудата и повторно разгледување на случајот.
„Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство – Скопје, по извршен увид во списите на предметот и сеопфатна анализа на доказите, до Апелациониот суд во Скопје, достави предлог во однос на поднесените жалби. Имено, Вишото јавно обвинителство смета дека при донесување на пресудата, Основниот кривичен суд – Скопје правилно ги утврдил околностите по однос на времето, местото и начинот на извршувањето на кривичните дела, меѓусебната комуникација на обвинетите, нивните врски, како и начинот на преземање на инкриминираните дејствија. Оттука, Вишото јавно обвинителство цени дека судот правилно ги одмерил досудените казни ефективен затвор на обвинетите лица“, се вели во соопштението лиферувано од Обвинителството, од каде и информцџија дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. исто така, поднело жалба по донесената пресуда о со која се бара судот. на лицата на кои им е изречена ефективна казна затвор. да им изрече повисоки казни, а на оние обвинети на кои со пресудата им се изречени алтернативни мерки, односно условни осуди, да им се озречат соодветни затворски казни. Во жалбата на ОЈО стои и предлог неместо конфискувана имотна корист во износ од 695.611 денари, од едно од правните лица, да се конфискува имот во висина од 857.637 денари.
„Вишото јавно обвинителство – Скопје. по целосно разгледување на предметот. делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Повисокото обвинителство ја прифати жалбата во делот на обвинети кои се осудени како соизвршители, со оглед на тоа што без нивните дејствија не би можело да се исполнат обележјата на кривичното дело што им се става на товар на обвинетите, ниту пак превозниците би прибавиле противправна имотна корист. Жалбата е прифатена и во делот изречената казна под законскиот минимум за дел од превозниците. Исто така Вишото јавно обвинителство Скопје ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во делот на конфискуваната имотна корист, сметајќи дека во пресудата износот на конфискуваната имотна корист треба да биде 857.637 денари“, велат од Вишото обвинителство и потвредува дека не го прифаќа барањето за зголемување на ефективните затворски казни за останатите обвинети.
Првостепната пресуда за предметот “Транспортер“ беше изречна н 31. март, минатата година и со неа екс-градоначалникот на Битола Владимир Талеске беше осуден на 8 години затвор.
Догласно пресуѕдата и останатите 20 обвинети бра огласени за виновни, но само половината од нив добија ефективни казни, па така раководител на сектор во Општина Битола 6,6 години, а казните за управителите се движат од 2,2 до три години.
Освен затворските и условните казни пресудата наложува и конфискација на имот од 34 милиони денари или околу 550 000 евра.





