Турски државјани, сопственик на фирма со седиште во Тетово, се осомничи дека сторил кривично дело: избегнување на плаќање акциза, во висина 792.514 денари или околу 13.000 евра.
Сега осомничените, односно управителот и одговорното лице во правно лице, се сомничат дека се обиделе да пуштат во промет акцизни добра без акцизна дозвола. Имено, на 6 март, оваа година, на царинската испостава „Блаце“ било пријавено за увозно царинење 29.800 килограми бруто маса адитив, а на царинската испостава „Скопје 1“ уште 29.750 килограми бруто маса адитив. Двете пратки од испраќач од Обединетите Арапски Емирати имале приложена царинска декларација која се однесува на препарати против детонација, препарати за спречување оксидација, за спречување на таложење смола, подобрувачи на вискозитет, антикорозивни препарати и други адитиви за минерални масла. Но, по извршена контрола и од земените мостри било утврдено дека се работи за различна стока од наведената во царинската декларација, односно дека станува збор за масла добиени од нафта, средни и тешки масла за други намени.
Јавниот обвинител проценил дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и повторување на делото, па до судијата на претходна постапка во Основниот суд Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Преедлогот бил прифатен и ним им е определен притвор во траење од 30 дена, кој за едниот осомничен е веќе ефективен, а за другиот ќе се активира по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН СЕ ОБИДЕЛ ДА ИЗБЕГНЕ ПЛАЌАЊЕ АКЦИЗА ОД 800.000 ДЕНАРИ
Спонзорирано





