ТРИ ЛИЦА ОД НЕГОРЦИ И ЕДЕН ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ ОСОМНИЧНИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА МАРИХУАНА

656

За тројца жители на селото Негорци и еден гевгеличнец е отворена истрага за сторено кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Имено, како што потврдуваа од Обвинителството, сега осомничените, од мај до септември годинава, заради продажба, на седум локации во место викно „Жабјак“, во близината на Негорци, произведувале наркотична дрога марихуана. Тие засадиле 100 -тина семки од растението канабис. Насадор редовно го наводнувале, ги отстранувале непотребите листови, ги врзувале со манила за да не се скршат, но пред само два дена, кога растенијата веќе биле во фаза на цветање и со висина од 20 до 280 сантиметри, тие биле затекнати од полицијата во моментите додека ги собирале цветните завршетоци. Полицијата пронашла 381 стебло од растението канабис, односно по 95 стебла кај секој од нив.

Спонзорирано