Судот го прифати новото обвинение за Боки 13 и за „Меѓународен сојуз“

514

Скопскиот кривичен суд, поточно Совет за оценка на обвинителен акт донесе решениое со кое го прифаќа обвинителниот акт за првите луѓе на неврладината организација наречена „Меѓународен сојуз“, односно за ова правно и за уште пет физички лица. „Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица поднесе обвинение за кривични дела измама и перење пари и други приноси од казниво дело. По одржана не јавна седница, како и разгледување и ценење на фактите и доказите во актот, Советот донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост“, се вели во штурото соопштение на кривичниот суд, од каде, исто така информираа дека „по веќе одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен предмет кој, согласно АКМИС- системот, ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија од Одделот за организиран кирминал, а по насрочена главана расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“.
Инаку, како што е веќе познато со обвинителниот акт се опфатени Бојан Јовановски алиас Боки 13, заменик-претседателката на „меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ, асистентката на Јовановски, Кристина Блажевска, неговиот татко Миле Јовановски и пратеничката Фросина Ременски.
Суштината на обвинението е во насока на измамите киоишто ги сторил Боки 13 кој им вертувал на бизнисмени дека, навосно, ќе гради Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис и дека за такво нешто требало да добие помош и од државата, а реално тој планирал за себе да задржи повеќе од 700.000 евра, средства што ги обезбедил од неколку приватни компании.