СКАНДАЛ: Бизнисмен од Скопје поднесе преставка до Владата и до Амбасадата на САД за 213 судии (1.)

29246

Скопјанецот Горанчо Новаковски, кој со години наназад, институционално се обидува да истурка право и правдина, минатата недела, незадоволен од работата на судиите и судовите, поднесе преставка за сите судии кои учествувале во неговиот ( се’ уште не решен) предмет

 

Љубиша Станковиќ

 

Уште со првиот работен ден во оваа година, скопјанецот Горанчо Новаковски, до Владата, до министерката за правда Рената Десковска, до Судскиот совет и сите негови членови поединечно, како и до амбасадата на Соединетите Американски држави и амбасадорката Мери Барнс, поднесе претставка со имиња на 213 судии!

Секако дека вакво нешто е незабележано во практиката на работењето на сите судови во земјава, но според Новаковски, ова е единствениот начин неговиот предмет, после многу години, да добие завршница, а таа во исто време да биде и праведна! Несомнено дека претставката со наведени имиња на 213 судии, само по себе, е нешто што ќе предизвика посебен интерес во домашната, а со информирањето на амбасадата на САД и на меѓународната јавност, но она што на овој службен допис му дава посебност се однесува на некои од имињата кои се на листата, а на кои лично им е доставена преставката. Имено, поднесителот на преставката освен што својата реакција ја адресирал до претседателот на Судскиот Совет, судијата Киро Здравев, тој токму него ќе го пријави како прв на листата со 213 имиња на судии. Името на Киро Здравев, актуелен прв човек на Судскиот совет се наоѓа во советот на Врховниот суд кој, пак, на 21. ноевмри 2011 година, донел решение со кое се усвојуваат предложени ревизии, но истиот суд, две години подоцна ќе донесе пресуда со која се дозволиува ревизија, но само делумно. Образложвајќи го овој свој потег Горанчо Новаковски ќе наведе: „Против судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија, во состав од судиите Киро Здравев, како претседател, Николчо Николовски, Мирјана Радевска – Стевкова, Емилија Илиевска, Сафет Алиу и Џемаили Саити, како членови на совет. Претставката ја поднесувам од причини што именуваниот претседател на Судскиот совет и членовите на Советот на Врховниот суд, со умисла, прават преседани во работата и со тоа ја злоупотребуваат својата службена положба, притоа игнорирајќи ја работата на претходно спроведените судски постапки на пониските судови, во изминативе 20 и кусур години“, вели Новаковски.

Имено, поднесителот на претставката, за 213 судии, цени дека Врховниот суд, за само две години, прави преседан со „ревизија на ревизија“, односно со носење на две „дијаметрално спротивни одлуки“, а кои се на штета на тужената страна. За да работите да станат колку – толку појасни, се работи за судски процес кој е инициран од државата, односно отако две, сега тужени фирми, одлучат да купат трето правно лице коешто е во стечај. Земјоделската задруга „Слобода“, со ограничена одговорност увоз – извоз станица Зелениково, се јавува како правен наследник на истоимена фирма која е во мстечај, а којашто, заедно со фирмата „Национал“ се јавуваат како купувачи на пропадната компанија за цена од 72.873.588 или безмалку за 1,2 милиони евра. За се она што изминативе години се случувало на релација: купување на пропадната компанија – тужби за купувачите – судски пресуди ќе појасниме во наредните неколку продолженија, но она што засега е иозвесно е дека се работи за голем судски скандал којшто, поради непромислесност, државата ќе ја чини малку повеќе од вложените 1,2 милиони евра!

( Продолжува)

Спонзорирано