Се бараат парични казни за четири лица поради непочитување на здравствените прописи

    284

    По претходно поднесени кривични пријави, скопското јавно обвинителство бара кривичниот суд да им изрече парични санкции на четири лица, поради сторено кривично дело: непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
    Сега обвинетите, од кои тројца жители на Трубарево, а еден на Петровец, 16, 17 и 18 овој месец, преку граничниот премин Табановце, влегле во земјава откако веќе престојувале во земји со среден и висок степен на ризик за ширење на епидемијата предизвикана од коронавирусот. Тие прифатиле и потпишале изјава дека ќе останат во самоизолација, во нивните домови, во период од 14 дена, но веќе на 18. март не биле најдени во нивните домови.
    Заради нивната неодговорност, а за која кривично се одговара, обвинителството бара судот да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да има вредност од 20 евра во денарска противвредност​.