Респираторите мораше да бидат набавени!

5081

Да сум на местото на министерот Венко Филипче ќе ја реализирав набавката на респиратори, а договорот, со впишана цена на чинење, ќе му го дадев на овој лик од „Инфомакс“ и ќе му кажев дека во рацете има класифициран документ „државна тајна“ и дека за објава се добива најмалку четири години затвор

 

Љубиша Станковиќ

Не го познавам актуелниот министер за здравство, Венко Филипче. Никогаш не сум имал можност да се запознаам со човекот, иако знам дека јас сум тој што свесно бега од лекари.
Кога овој човек го именуваа на функцијата, прво што ми падна на памет е тоа дека е син на исто така познат лекар и поранешен министер за здравство. Со потезите што почна да ги повлекува ми остави и простор за малку скепса.
Верувам дека денеска нема да се најде човек кој ќе ја критикува работата на министерот Венко Филипче. Се разбира освен Христијан Мицковски и оној саморогласениот новинар на „Инфомакс“. Се согласувам дека човекот „гине“ од работа, но и дека работата ја извршува стручно, професионално и максимално посветено. Но, имам една мала замерка до него: Премногу се троши на одговори на глупави (квази)новинарски прашања!
На мислење сум дека Венко Филипче треба малку да одмори од прес-конференции, затоа што ќе ни треба и за перодот кој е пред нас. Она што е моја лична забелешка упатена до него е што седи и се објаснува со самонаречени новинари за висина на цена на еден респиратот. Не велам дека Филипче се разбира од цени, но како лекар сигурно знае многу повеќе од оној што се обидува да му спори, па дури и да му „накалеми“ обид за криминал со евентуална набавка. Филипче треба да знае дека со такви лица никогаш нема да излезе на крај и нема да се разбере. Затоа мојата единствена забелешка е тоа што тој се согласи да го поништи тендерот за набавка на (аспиратори) респиратори.
Немам намера да мудрувам и да делам ум, но да бев на местото на министерот ќе им наложев на службите да продолжат со процедурата за набавка на респиртори, како врвен приоритет во време на пандемија од коронавирус, односно КОВИД 19!
Следното што ќе го направам е да му ја дадем целата документација за извршената набавка на дотичниот, но на неа ќе стоеше печат и назнака дека документот е класифициран како „државна тајна“. Класификацијата нема да направен со намера, бидејќи набавки во време на непосредна или воена опасност или во време кога е прогласена вонредна состојба подразбира и вонредни набавки на се она што таа цени дека е неопходно.
Откако ќе му го предадам договорот за набавка на респирати ( со впишана цена на чинење на респираторите), ќе му кажам што значи, од аспект на кривична одговорност објавување на државна тајна! Потоа ќе му појаснам дека во случај да објави државна тајна нему му следи затворска казна, но дека затвор му следи и доколку некој друг објави само една реченица од договорот за набавка, бидејќи тој ќе биде осомничен за проток на нформациите.

Следно што треба да му се каже е дека согласно членот 317 став 3, кој се однесува на „откривање државна тајна“, предвидува затворска казна од најмлаку четири години. За да не заборави, на дотичниот треба да му се каже дека тој за оддавање на службена тајна беше осуден на казна затвор во трање од две години и дека казната му е заменета за условна во траење од пет години доколку во тој период не стори ново кривично дело. А како делото е сторено, освен новата ќе треба да ја издржи и старата казна.
Е кога на овие лица вака ќе им се објаснат работите, тогаш, сигурен сум дека тие ќе бидат најдобри чувари на државните тајни и дека никогаш повеќе нема да се доживуваат како новинари, уште помалку како новинари-истржувачи.

П.С.

Оддавње државна тајна
Член 317
(1) Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со затвор од една до десет години.
(2) Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе му соопшти, предаде или стори достапни податоци или документи за кои знае дека се државна тајна, а до кои дошол на противправен начин, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(3) Ако делото од став 1 е извршено за време на војна или непосредна воена опасност или довело до загрозување на безбедноста на економската или воената моќ на Република Македонија сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(4) Ако делото од став 1 е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.