ПРОДОЛЖУВА УВИДОТ ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ПОЖАР ВО КОВИД БОЛНИЦАТА ВО ТЕТОВО

578

Како што информираат од Јавното обвинителство и денеска продолжува увидот по синоќешниот катастрофален пожар во тетовската модулрна болница. Оттаму и информација дека во увидот, освен тројцата тетовски обвинители, вчера на местото на несреќата излегле и двајца обвинители од скопското Основното јавно обвинителство, а во Тетово бил и републичкиот Јавен обвинител, Љубомир Јовески, кој присуствувал и на работата на Кризниот штаб.
„Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал“, се вели во соопштението на Обвинителството, а во кое и информација дека до раните утрински часови, биле сослушувани вработени во модуларната болница, а се со цел да се утврдат причините за пожарот.
Обвинителите издале наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот во и околу објектот.

( фото: ББЦ)

Спонзорирано