Јавното обвинителство во Велес денеска поднесе обвинителен акт за лице, на возраст од 40-годишно лице, од Прилеп, за кривично дело: полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Сега обвинетиот, на 20. октомврри, минатата година, во Градско, извршил полови дејствија врз девојче на возраст од 13 години. Имено, детето отишло во куќата на својот чичко каде се одржувала забава на која бил присутен и обвинетиот. Кога тој видел дека девојчето се упатило кон дома, незабележано тргнал по него, а кога стигнале во близина на оградата која ги раздвојувала куќите на родителите на детето и на нејзиниот чичко, тој, од зад грб, со една рака и ја затворил устата и почнал да ја влече. Кога ја свртел кон себе, тој со едната рака и ја држел устата затворена, а со другата рака ја допирал по телото. По ова насилникот и ја ослободил устата, со намера да ја бакне, но тоа не му го дозволила тоа, а потоа почнала да го оттурнува од себе. Во еден момнет таа земала стап и со него го удрила сега обвинетиот по нога, по што тој паднал на земја, а таа се дала во бегство, притоа упатувајќи се кон својот дом.
Инаку, со поднесување на обвинмение Јавниот обвинител до судот доставил и брање за продолжување на меркта притвор.
ПРИЛЕПЧАНЕЦ ОБВИНЕТ ЗА ПОЛОВ НАПАД ВРЗ ДЕТЕ
Спонзорирано





