Четворица гостиварци и една албанска државјанка се осомничени за кражба на 1,8 милиони денари од банкомат.
Како што потврдуваат од Обвинителството овие лица на први минатиот месец украле по провалување, украле поголема сума пари, од банкомат поставен во маркет, на улицата „Илинденска“, во Гостивар. Имено, неколку дена пред настанот прво и петтопријавената го неутрализирале сензорот на алармниот систем во маркетот, а потоа четворицата македонски државјани, со хебли и и на сила ја отвориле автоматската влезна врата на маркетот. Со брусилка тие делувале на банкоматот на кој најпрво му го отвориле капакот, а потоа и долниот дел, каде е сместен и самиот сеф, по што одзеле четири касети во кои имало вкупно 1.800.000 денари.
Еден од осомничените е веќе во притвор, а од судот во Гостивар се се бара притвор и за другите осомничени, што било и прифатено. За двајца од групата мерката е применлица, но првоосомничениот и петтоосомничената се уште се во бегство.
Петмина осомничени за кражба на 1,8 милиони денари од банкомат
Спонзорирано





