Отворена е кривична истрага за скопјанец за кривично дело: неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, откако во неговиот дом, на улица „Македонско-косовска бригада“ биле пронајдени 62 куршуми од различен калибар.
Заплената на муницијата, којашто е забрането д ја поседуваат цивили, се случило вчера при претрес на домот на сега осомничениот за кого скопското Обвинителство, од кривичниот суд бара да му изрече мерка притвор.
Спонзорирано





