НОВИ СЕДУММИНА ОСОМНИЧЕНИ ОД „ПЛАНИНА“ СЕ СПОГОДИЈА СО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

1153

Нови седум осомничени лица во предметот наречен „Планина“ ги прифатија предлозите на Обвинителството за изрекување на казни.
Согласно договорот на осомничениот С.С.(34), инаку и порано осудуван за други кривични дела, му се изрекува затворска казна во траење од пет години. Осомничените Б.Љ.(39) и Ф.Љ. (33) се согласиле на казна затвор во траење од по три години и шест месеци и, а не досега неосудуваните: И.А. (19), С.Е. (21), Е.И. (24) и Ќ.Љ. (29) по три години.
Како што појаснуваат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција станува збор за таканаречената „групата од Грчец“. Најновите спогодувања со обвинителството доаѓаат кратко време откако седуммина припадница на групата викана „Гази Баба“ се согласија за казни коишто ги предлоѓи Обвинителството. Имено, и најновите спогодби биле постигнати откако им биле презентирани доказите со кои располага обвинителството. Тие го признале сторувањето на кривичното дело: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Од Обвинителството потсетуваа дека осомничените во предметот наречен „Планина“ со нелегална трговија н наркотици започнала да се занимава уште во март минатата година, а една година подоцна групата беше разбиена.
„Во периодот од месец март 2020 година до месец март 2021 година осомничените И.М. и Б.Љ., кои се недостапни на органите на прогонот, како и други НН лица, во повеќе наврати искористувајќи исти прилики и други слични околности неовластено купувале кокаин, хероин и марихуана и истата ја криеле на безбедни локации во село Грчец. Заради неовластена продажба организирале мрежа на препродавачи и посредници во која биле опфатени и останатите осудени и осомничени лица. Тие имале задача да воспоставуваат контакти со заинтересирани купувачи од Тетово, Гостивар, Скопје, Струмица и други градови. Откако ќе ја договореле цената, количината и видот на наркотичната дрога, ги известувале И.М. и Б.Љ. кои им ја давале измерена и спакувана нарачката. Препродавачите добивале процент од постигнатата цена која се движела од 4.000 до 5.000 денари по грам за кокаин и од 12.000 до 15.000 денари за 100 грама марихуана“, се вели во соопштинето на Обвинителството, од каде и потврда дека од сега осомничените биле одземени автомобил „ауди 3“, 17 мобилни телефони, 32 држачи за СИМ картички, 13 СИМ картички, пакување бела непозната материја, шест полиетиленски пакувања со кокаин, пет капсули и еден куршум.
Инаку, сите обвинетите кои се спогодија со Обвинителството веќе се упатени на издржување на изречената казна.

Спонзорирано