На случувањата од 27. април им претходеле договори на вибер

2552

Токму актуелниот технички премиер, оливер Спасовски, кој денеска се појави во скиопскиот кривичен суд за да сведочи за случувањата оед 27. април 2017 година, доставил предлог до Трајко Вељаносјки со кој бара на дневе ред да биде ставена уште една ѕочка – избор на нов претседател на Собранието. Премиерот Спасовски потврди дека неговиот предлог бил поддржан од 10 пратеници и Вељаноски, согласно деловникот за работа, морал да го направи тоа што се барало од него, притоа потсетувајќи дека со предлогот оди и промена на дневниот ред, бидејќи конститувната седница на Собранието започнала во декемвери 2016 и траела до април следната година. Сведокот Спасовски кажа дека тој и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги одбражале граѓаните кои сакале да дојдат, откако во Собраноето веќе биле влезени поддржувчите на протестите на движењето „За заедничка Македонија“.
Еден од оние кои учествувал на протестите на споменатото движење е и Антонио Кочков, кој освен што потврди дека е член на ВМРО-ДПМНЕ, посведочи дека комуникацијата одела преку вибер група и дека тука се договарале каде требало да се собираат.
Инаку, и на ова судење, како што тоа беше случај со судењето за насилствата од 27. април, во својство на сведок, во петок, ќе се појави братот на Михаил, Стефан Младеновски, како и лицето Весел Мемеди.
Како организатори на бруталните случувања од 27. април 2017 година Јавното обвинителство ги посочи екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, поиранешните министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, сменетиот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Додека се водеше кривична истрага на листата на осомничени беа и екс премиерот Никола Груевски и контраразузнавачот Никола Бошкоски, но тие не се обвинети, бидејќи и двајцата се во бегство.

Спонзорирано