На негово барање, осудениот Боки 13 во Јавното обвинителство!

1299

Точно една недела по изрекувањето на пресудата за случајот „Рекет“, осудениот Бојан Јовановски викан Боки 13, на негово барање, денеска претпладне е спроведен во Јавното обвинителство.
Иако во овој момент е тешко да се каже кој е мотивот на Јовановски да бара средба со обвинител,но во јавноста веќе се пласираат шпекулции дека тој ќе посочел имиња на бизнимени и на политичари кои наводно се инволвирани во случаите за кои Боки одговара или допрва ќе одговара. Според истите тие шпекулации Боки 13 ќе поднесувал и кривични пријави.
Како што е веќе познато минатата недела беше неправосилно осуден за случајот наречен „Рекет“. Тој се товареше за две кривични дела: примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и други приноси од казнено дело и за двете дела беше осуден на по пет години затвор, односно беше осуден нна единечна казна затвор во траење од 9 години, а екс-шефицата на сега веќе расформираното Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, за злоупотреба на службената положба и овластувања беше осудена на казна затвор во траење од седум години.

Спонзорирано