Мрш у пичку материну!

8330

Ова пуцење е за сите оние кои успееа да си ја зачуваат менталната хигиена, малку здрав разум и логично расудување! Морам да опцујам во свое и во нивно име, оти многу гнев се наталожил!

 

Љубиша Станковиќ

Знам дека не е во ред и исто така знам дека е некултурно и вулгарно, ама еднаш мора да се изговорат и зборови кои тие најдобро ги разбираат!
И затоа уште на почетокот одма да си кажам: „Мрш у пичку материну“!
Зошто вака? Зошто ваков почеток? Од каде толку гнев?Долго, предолго време се мислев и премислував дали е во ред да се пцуе, ама кога го видов најглупавото соопштение напишано во Министерството за внатрешни работи во кое се објаснува вчерашниот инцидент на „Матка“ ми пукна пред очи! Веќе немав никакви дилеми дали треба да се опцуе или не!
Не знам кој е авторот на глупоста со која се објаснува дека актерите, на „Матка“, носеле пиштоли, ножеви и бејзбол палки и дека тие, всушност биле на работа?! Абе ајде? Само тие, во време на пандемија, одат на работа? Така? И само тие на работа носат пиштоли и ножеви? Еве, затоа и ќе им порачам на оние кои се обидуваат да го забошотат случајот: Мрш, у пичку материну!
Но, што човек да очекува кога министер за внатрешни работи каков што е Наќе Чулев? Човек кој не убедува дека ракавиците не се ракавици, туку некаков отсјај, дека во време на полициски час треба да се снима спот со 80 полициски возила, дека на вежба ќе му експлодира чадна бомба на трибина на која седат дипломати, дека треба да има закани кон новинарот кој тоа го забележал и го објавил.
Море мрш! Мрш у пичку материну!
Листата на глупости ( и во време на изолации и карантини и полициски часови) е долга и секако таа не би била комплетна, ако на неа не се најде и „новиот Тито“. Боки 13 де…
Се чини дека момчето се скарало со мозокот? Нема кој да му каже дека Тито лежел затвор во Лепоглава заради неговите идеали, а дека тој лежи за рекет….За земени туѓи 1,5 милиони евра!
Жал ми е за Боки, ама уште повеќе за неговиот „матичен адвокат“ кој сите овие месеци се обидува од својот клиент да направи болен човек од карцином од стеснет желудник, а не му текна да го направи луд! Чинам дека само со таква дијагноза Боки ќе можеше да излезе од затвор? Сега, додека е зад решетки не ќе може да се прогласи за претседател ниту на душевната болница „Бардовци“!
Искрено, малку ми е жал за момчето. Едно чудо „ѕвезди“ му јадеа од рака, а сега никој да му дојде на посета во затвор? Не му дојде ни Орце Камчев, а знаеше кога беше неговата глава во прашање да му даде 1,5 милиони евра, спакувани во торба „Луј Витон“? Тогаш Камчев знаеше дека на Боки треба парите да му бидат спакувани во брендирана торба, а не спортска торбица „Адидас“!
Море мрш, у пучку материну!
Лиле Стефанова била добар обвинител и голем професионалец! Така кажува Катица Јанева, нејзината поранешна шефица. И? Сега треба и се верува на Јанева? Што бидна со она: „Гомнарке“ и „Ороспијо“? Што бидна со мачето на Лиле коешто Катица го возела до Радовиш? Тоа не беше кажано? Не се случило? Ќе заборавиме?
Море мрш у пичку материну!
Инаку, од Лиле Стефанова очекувам да каже што бидна со ・брендираната・писмена порака којашто Орце Камчев и ја тутнал во раката? Што тој напишал на кирилица, а што извесна Наташа Савова, напишала на латиница? Впрочем, која е таа Савова и дали е таа битна за случајот ・Империја・!
За струшката црковна литија ( демек, традиционална, а се одржала по трет пат) и за одлуката на ИВЗ не сакам ни да трошам зборови.
МПЦ и ИВЗ ја уценија Владата и во време на пандемија и земаа пари, наводно, за факултетите за веронаука. Велам наводно, бидејќи во време кога не работи ниту еден факултет од бројните дрќавни и приватни универзитети, се фрлаат пари за верски училишта!
Во секуларна држава се давале пари за верски школи? Лажги со опашки!
Владата како да нема храброст да им каже на МПЦ и на ИЗВ дека нема собирање во групи поголеми од две лица и затоа ќе има уцени со Велики петок, со литии и со отворање на џамии!
Идиотите му плукнаа во лице на министерот Филипче. Му плукнаа и на рацете со коишто тој ги лекува, а тој уште најљубезно ги замолува да не се собираат и да ги почитуваат мерките.
Секуларна држава?
Море, мрш у пичку материну!
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е фатен како лаже! Лаже и суши! Лаже, но фраерот не чувствува потреба да се извини и да каже потврди дека е точно тоа што го кажува Зоран Милески – Кичеец и дека заради неговите негирања ќе понесе морална одговорност?! Нееее, тој си продолжува онаму каде што застанал. И не гледа дека тој е главниот лик во приказната на Камчев и Милески, наречен ・Рекет・ И затоа е сето ова пуцење!
Пцуењето е за сите оние кои успееа да си ја зачуваат менталната хигиена, малку здрав разум и логично расудување!
Морам да опцујам во свое и во нивно име, оти многу гнев се наталожил, а со некои ликови веќе долго време нема разбирање!
И не е само: „Мрш у пичку материну!“. Ми доаѓа и да плукнам некого! Онака….сочно!
И затоа ќе повторам уште еднаш: Мрш у пичку материну!

 

П.С.
Знам дека со пцостот можеби некого, ненамерно, ќе навредам, но тоа не ми е намера и затоа сакам однапред да се извинам.

Спонзорирано