Маж, до смрт, ја претепал жената со која живеел!

3220

Маж, кој по претепување на жената со која живеел ја усмртил е осомничен за кривично дело убиство, но обвинителствтото, како по навика не го открива идентитетот, ниту, пак, дава информации кои се однесуваат на лицето за коешто тие информираат дека убил.
Она што како информација е споденено со јавноста е дека сега осомничениот е на возраст од 27 години и дека трагичниот настан се случул вчера утро, во куќа на улицат „Перо Наков“, во Скопје. Сега осомничениот живеел со жената и со неа бил во блиски односи. Тој, со повеќе удари со раце и нозе, по глава и по целото и нанел повеќе телесни повреди – хематоми од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт.
Со отвораењето на кривичната истрага, ос судот е побарано на осомничниот да му биде изречена мерка притвор во траење оед еден месец.