Кривична пријава за директорката на Клиниката за дерматологија

1593

Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против Нина Цаца-Билјановска, директорка на Клиниката за дерматологија, бидејќи не се самоизолирала по нејзиното враќање од Италија, а што е во спротивност со препораките на Владата, односно на Министерството за здравство.
Поради неодговорното однесување на Цаца- Билјановска, во домашна излоција се близу 200 лица, односно бројни нејзини колеги кои биле на стручен симпозиум во еден познат скопски ресторан. Имено, таа од Италија се вратила на 29. минатиот месец, а после само неколку дена заминала на работа.
Пријавата протов директорката денеска ја потврди и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој кажа дека Цаца-Билјановска ги сторила кривични дела, согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.

Спонзорирано