Јавен обвинител од кумановското Јавно обвинителство изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утрово беа пронајдени тела на две починати лица, односно на маж на возраст од 43 и жена од 36 години.
Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место.
Според првичните информации мажот, наводно, ја застрелал жената, а потоа и самиот си го одзел животот.
Спонзорирано





