Граѓаните не го почитуваат полицискиот час- обвинителствата со казнени налози!

    1042

    Гевгелиското јавно обвинителство, поради сторено кривичното дело: непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, побара судот да изрече парични казни за девет лица.
    Чертворица од сега обвинетите, нминатат среда допатувале од Грција, Турција и Бугарија, односно од земји со среден или висок ризик за зараза. При влез во земјата тие биле запознаени со мерката за задолжителна самоизолација и тие, доброволно потпишале изјави за самоизолација, но веќе следниот ден, по извршена проверка од полициски службеници тие не биле затекнати во престојувалиштата каде требало да ја извршуваат самоизолацијата. За овие лица се побарани парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.
    Другите петмина обвинети ја прекршиле Одлуката на Владата на Р.С.Македонија за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење. Сите тие биле затекнати со нивнитр возила какло се движат во време на полициски час. И за овие лица се побарани казни во висина од 100 дневни глоби од по 10 евра за ден.
    Во судот во Гостивар ќе бидат казнети четири лица. За нив веќе се изготвени канени налози, откако беа обвинети за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Се работо за казни во висимна од 100 глоби.
    Казни поради непочитување на полицискиот ќе има и во Ресен. Имено, за тројца ресенчани, фатени како се движат по започнувањето на полицискиот час, ќе следат парични казни од 100 дневни глоби, а секоја глоба ќе изнесува 20 евра.
    Казни ќе им бидат изаречени и на тројца жители на Радовиш и на Свети Николе, на жител на Пробиштип, кој има времено живеалиште во Скопје, како за двајца дебарчани.

    Спонзорирано